АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје

АД ЕСМ ја известува јавноста дека во рамки на подготовките на електроенергетскиот систем за претстојната зима, утре, 29 октомври, стручен тим на Подружница ХЕС Црн Дрим ќе изведе неопходни планирани  годишни испитувања на релејната заштита на регулациониот трансформатор (РТР) 110/35 kV,  на 35 kV изводи и техничка ревизија на примарната опрема на  дел од 110/35 kV разводната постројка во ХЕЦ „Шпилје“.

Поради планираните инвестициски активности, во периодот од 10.30 до 14.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат потрошувачите од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше. Вообичаено, редовната годишна активност предвидува прекин на електричната енергија за предметните општини во времетраење од осум часа, но со цел да се избегнe подолготраен прекин, зафатот ќе се одвива со оптимизирана динамика и за првпат, ќе се изведе во рок од четири часа со цел да се минимизира периодот предвиден за прекин на напојувањето со електрична енергија.

Овие неопходни превентивни проверки се клучни за безбедноста на системот во текот на претстојната зима и се во интерес на потрошувачите во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше.