ЕСМ Продажба - Вашиот партнер за енергетска сигурност и успех

КОИ СМЕ НИЕ?

ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје, е компанија во целосна сопственост АД ЕСМ, која се бави со трговија и снабдување со електрична енергија.

Компанијата постои од 2009-та год. и бележи постепен раст и етаблирање на пазарот на големо и на мало на електрична енергија во Република Северна Македонија.

На пазарот сме активни веќе 16 години со јасна цел — да обезбедиме сигурно, квалитетно и одговорно снабдување со електрична енергија.

 

Нашето портфолио се состои од околу 200 снабдувани компании, меѓу кои министерства, здравствени установи, државни институции од витално значење за државата. Сепак, имаме перспектива на ширење на портфолиото на наши задоволни снабдувани клиенти, кои ќе добијат сигурност во снабдувањето со електрична енергија во Северна Македонија.

ВИЗИЈА И МИСИЈА

Нашата визија е да бидеме водечки и доверлив партнер на енергетскиот пазар, препознаени по професионалноста, иновативноста и грижа за клиентите преку сигурноста во снабдувањето со електричната енергија.

Стремиме кон постојан раст, проширување на нашето богато портфолио и негово унапредување со повеќе електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија и одржливост во согласност со европските стандарди и трендови за намалување на CO2 емисија.

Веруваме во одговорно работење, професионален пристап и континуирано унапредување на нашите услуги за да ги задоволиме потребите на граѓаните, компаниите и институциите од витално значење за државата.

Нашата визија е да бидеме препознаена и доверлива компанија која придонесува за стабилен и развиен енергетски пазар во Северна Македонија. Насочени сме кон развој на нашето делување, создавајќи нови вредности за клиентите и општеството.

          Наши вредности